Возачот на Мекларен, Ландо Норис славеше на трката за ГН на Австралија, со која започна овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Британецот го постигна петтиот триумф во кариерата на патеката Алберт Парк, со девет десетинки предност пред Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул. На третото скалило на подиумот се најде возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, кој заостануваше седум и пол секунди.

Првата трка сезонава беше одбележана со променливи услови, бројни инциденти, одложен старт (Исак Хаџир се изврте и удри во заштитната ограда во загревачкиот круг) и три периоди на безбедносното возило.

Додека Норис беше победник на денот, најголем губитник беше неговиот тимски колега Оскар Пјастри, кој беше на пат кон подиумот кој направи грешка кога почна дождот.

Норис во Мелбурн ја забележа една од најважните победи во кариерата, по одличното возење во исклучително тешки услови. Во поголемиот дел од трката Пиастр беше тој што го притискаше, а таа улога во финишот ја презеде Ферстапен, но британскиот возач успеа да се справи со притисокот. На овој начин, тој му го донесе првиот триумф на Мекларен на отворањето на сезоната по 2012 година, кога Џенсон Батон славеше на Алберт Парк.

Одлична трка имаше и Ферстапен, во моментите кога дождот пристигнуваше во финишот, неговите ривали погрешија, а тој остана присебен и со тоа имаше можност да се бори за триумф. Расел возеше прилично осамена трка, но благодарение на грешката на Пјастри, стигна до место на подиумот, пред тимскиот колега на Андреа Кими Антонели и возачот на Вилијамс, Алекс Албон.

Младиот Италијанец дефинитивно е еден од хероите на денот, бидејќи стартуваше од 16.местово еден момент се изврте на патеката, а беше и казнет поради небезбедниот пит-стоп, со што се најде на петтото место, иако целта ја мина како четврти. Сепак, по трката, таа казна беше поништена, што значи дека Антонели своето деби го заврши на четвртото место.

Возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон трката ја завршија на осмото односно десеттото место. Меѓу нив се пласира Пјастри.

Текстот Хаотична трка во Мелбурн – Норис победи пред Ферстапен и Расел е превземен од МАКФАКС.