Според англиските медиуми, на тренингот на Ливерпул во понеделникот дошло до судир меѓу Мохамед Салах и Трент Александер-Арнолд.
Двајцата фудбалери во еден момент енергично се упатиле еден кон друг, додека Салах цело време имал насмевка на лицето, што предизвикало смеа кај повеќето соиграчи.
Од друга страна, Александар-Арнолд остана сериозен, што додаде доза на неизвесност на ситуацијата. Со брзата реакција на Ибрахима Конате и Харви Елиот, потенцијалниот конфликт беше прекинат и разликите беа измазнети.
Тензијата меѓу двајцата клучни играчи доаѓа во пресрет на реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен, закажан за вторник навечер. Овој натпревар може да има големо значење за понатамошниот тек на сезоната на тимот од Енфилд.
Дополнителна неизвесност внесува и тоа што договорите на двајцата играчи истекуваат на крајот од сезоната.
Додека навивачите сакаат тие да останат, расте стравот дека и Салах и Александар-Арнолд би можеле да го напуштат клубот во претстојниот преоден рок.
Текстот Хаос на тренингот на Ливерпул – дојде до судир меѓу Трент и Салах е превземен од МАКФАКС.