Голманот на Интер, Самир Хандановиќ, смета дека дербиto што го доби Милан, не ја покажа реалноста на натпреварот кој се играше на „Сан Сиро“. После победата на росонерите со 2-1, капитенот на Интер за „ДАЗН“ истакна дека екипата одигра многу добро, освен тие 15 последни минути.
„Денес направивме се. Ја имавме играта во наши раце, игравме добро, ги држевме далеку од нашиот гол, но потоа загубивме многу повеќе топки нњ средината на теренот, и бевме казнети. Мора да мислиме одсега за следниот натпревар, бидејќи нема време за плачење. Последните 15 минути се за заборав, но имаше многу добри работи. Можевме да постигнеме и вториот гол, тимот имаше храброст и се покажа силен. Но за жал не се снајдовме најдобро на крајот. Има уште многу игри за играње, доволно е само да се прегледаат грешките и да се поправиме. Но, ова е фудбал, понекогаш ризикуваш и не те казнуваат, но денеска ние се казнивме “, нагласи голманот на Интер.