Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон уверен е дека неговиот нов тим Ферари е подготвен да ја освои шампионската титула.

„Возев за два тима светски шампиони (Мекларен и Мерцедес), знам како изгледа победнички тим. Тимот има се што е потребно за да ја освои шампионската титула. Треба само да се вклопат сите работи”, изјави Хамилтон за „Скај 2“.

Хамилтон, кој има вкупно седум титули во Формула 1, од Мерцедес се пресели во Ферари, каде ќе вози заедно со Шарл Леклер.

„Никој не вели дека сме совршени. Мораме да се подобриме, но тимот не остава ништо на случајноста. Овој тим има неверојатна историја, има победнички менталитет во својата ДНК“, додаде тој.

Хамилтон возеше за Мерцедес во изминатите 12 сезони и освои шест титули.

„Ферарито е различно. Штом ќе го облечете костумот, ќе влезете во гаражата, ќе ја ставите кацигата и ќе седнете на седиштето, чувствувате неверојатна страст. Сè е возбудливо. Како дете сонував да возам за Ферари и сè уште се не можам да поверувам дека ова навистина се случува”, изјави Хамилтон.

Текстот Хамилтон: Имаме се што ни потребно да ја освоиме титулата е превземен од МАКФАКС.