Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, во февруари минатата година ја објави својата одлука да го напушти Мерцедес по 12 години соработка и да ја продолжи кариерата во Ферари.

40-годишниот Британец, кој со Мерцедес освои шест светски шампионати по првата титула со Мекларен, се натпреварува во Формула 1 од 2007 година.

Хамилтон возењето за Ферари во Формула 1 го опиша како остварување на детскиот сон, а со славниот тим потпиша повеќегодишен договор со плата од околу 50 милиони евра по сезона.

Зборувајќи за „Тајм“, Хамилтон ја сподели својата љубов кон „Ферари 250 ГТ Калифорнија Спајдер“, легендарниот кабриолет кој има култен статус. Замислувајќи го го својот идеален живот по тркањето, Хамилтон рече: „Тоа е ултимативен автомобил за пензионирање“.

Тој рече дека се замислува себеси како вози по автопатот Пацифик Коуст со неговиот булдог Роско: „Можам да се замислам себеси со Роско, него го замислувам со шал и очилата како седи на предното седиште“.

„Ферари 250 ГТ Калифорнија Спајдер“, произведен помеѓу 1957 и 1963 година, е еден од најпочитуваните модели на Ферари. Дизајниран од Серџо Скалети, неговата комбинација на В12 мотор, неверојатни линии и тркачко педигре го направија симбол на автомобилскиот луксуз.

Во светот беа произведени само 106 примероци. На аукција во 2015 година, автомобилот што некогаш му припаѓал на Ален Делон бил продаден за 18,5 милиони долари, што денес, по прилагодувањето на инфлацијата, би изнесувало околу 24,8 милиони долари.

Во моментов Classic.com ја проценува просечната вредност на овој автомобил на околу седум милиони долари.

Текстот Хамилтон го откри својот автомобил од соништата, вреди седум милиони евра е превземен од МАКФАКС.