Своето мислење пред натпреварот Ерменија – Македонија го изнесе играчот кој е добро познат на македонската јавност од настапите во скопски Вардар Хофханес Хамбарџумјан.
„Јас целосно заздравев од повредата и спремен сум да направам сè за да помогнам на својот национален тим. Ние ќе се обидеме заедно да направиме добар резултат. Треба да одиграме добро за да ги задоволиме и домашните фанови. Како и секогаш, атмосферата во тимот е одлична и се спремаме да ги израдуваме фановите“, изјави Хамбарџумјан.