Хамас им соопшти на мировните преговарачи дека ќе ги запре јавните егзекуции на членови на сопернички банди и кланови, изјавија арапски претставници за „Волстрит џурнал“.
Одлуката на терористичката организација дојде откога преговарачите ѝ кажаа дека Израел може да ги искористи егзекуциите како изговор за да продолжи со борбите во Газа, се вели во извештајот.
Во извештајот не е разјаснето дали одлуката се однесува исклучиво на јавни егзекуции.
Извештаите за егзекуции на луѓе од страна на Хамас и за пукање од ривалски сили предизвикаа немири во Појасот Газа и на други места, само еден ден по потпишувањето договор за прекин на огнот со Израел.
Видеата објавени на социјалната мрежа „Икс“ покажаа масовно егзекутирање осум лица на плоштад во град јужно од градот Газа, опкружени со голема толпа луѓе. Сведоците за германската новинска агенција ДПА на телефон изјавија дека Хамас ги обвини егзекутираните за соработка со израелската армија.
Видеата прикажуваат неколку мажи со оружје како постројуваат осум лица со врзани раце зад грбот на јавен плоштад пред толпа. Иако Би-би-си не можеше да ги потврди идентитетите на маскираните напаѓачи, некои од нив носат зелени ленти за глава поврзани со Хамас.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави само еден ден пред јавната егзекуција дека Хамас добил зелено светло за внатрешни безбедносни операции што ги спроведува во Појасот Газа велејќи дека групата сака да „ги запре проблемите“ и „ние им дадовме одобрение за одреден временски период“.
JUST IN:
Reporter: Hamas is rearming itself as a police force, shooting rivals. What’s the message to Hamas?
Trump: They want to stop the problems. They have been open about it. And we gave them an approval for a period of time…
Surprisingly based
pic.twitter.com/GYk8imJt0o— ADAM (@AdameMedia) October 13, 2025
Палестинската милитантна група, која, според предлогот на Трамп за прекин на војната, мора да се разоружа и да престане да ја води Газа, распореди внатрешни безбедносни сили во делови од крајбрежната енклава по стапувањето во сила на прекинот на огнот велејќи дека сака да ги запре беззаконието и грабежите и да спречи безбедносен вакуум.
Сепак, Трамп подоцна се закани дека САД ќе ги убијат членовите на Хамас ако групата продолжи да убива цивили во Газа.
— Karoline Leavitt (@PressSec) October 16, 2025
„Ако Хамас продолжи да убива луѓе во Газа, што не беше дел од договорот, нема да имаме друг избор, освен да влеземе и да ги убиеме“, напиша тој.
фото: принтскрин
Текстот Хамас: Ги суспендираме јавните егзекуции на членови на сопернички банди и кланови е превземен од МАКФАКС.