Израел денеска потврди дека од Хамас ги добил имињата на тројцата заложници кои утре треба да бидат ослободени од заробеништво.
Во соопштението од кабинетот на премиерот се наведува дека детален одговор ќе биде даден по проверка на списокот и информирање на семејствата, пренесува Н12.
Тројца мажи се очекува да бидат ослободени од заробеништво, по завршувањето на ослободувањето на жените цивили и војници кои ги држат Хамас и другите терористички организации во Појасот Газа.
По насилните инциденти за време на вчерашното ослободување на Арбел Јехуд и Гади Мозес, Израел побара од посредниците да спречат повторување на слични сцени и насилство што ги загрозува животите на заложниците. Израел дури и го условува денешното отворање на преминот Рафах вакви инциденти да не се повторат.
Текстот Хамас ги објави имињата на израелските заложници кои ќе бидат ослободени во сабота е превземен од МАКФАКС.