Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, смета дека тековната сезона не е задоволителна за тој клуб.
Сити ќе се обиде да освои барем еден трофеј, оној во ФА Купот, во сабота во 17:30 часот ќе игра во финалето против Кристал Палас.
„Оваа сезона беше тешка. Не е убаво да се изгубат толку многу натпревари. Досадно е, не е забавно. Затоа мора добро да ја завршиме сезоната и да освоиме трофеј. Добра навика е да се стигне до „Вембли“, секогаш е важно да се освојуваат трофеи. Во една ужасна сезона ќе играме во финалето на ФА Купот“, изјави Халанд за Би-Би-Си и додаде:
„Кога ќе освоите четири титули по ред, а не ја освоите петтата, тоа значи дека сезоната не била успешна. Тоа е стандардот што го поставивме. Не се снајдовме добро во лигата, но сепак се надеваме дека ќе се квалификуваме за Лигата на шампионите.“
Халанд се приклучи на Сити од Дортмунд во јуни 2022 година за 51,2 милиони фунти, а неговите голови им помогнаа да освојат две титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот и Европскиот Суперкуп.
Текстот Халанд: Ужасна и здодевна сезона е превземен од МАКФАКС.