Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари денеска предупреди дека поради нападот со беспилотно летало на Хезболах врз приватната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во Цезареја, Израел ќе ја интензивира борбата против Хезболах.
„Одлучно се бориме против Хезболах. „Поради овој обид и штетата на израелските цивили, борбите само ќе се интензивираат“, рече тој, според Тајмс оф Израел.
Претходно денеска Нетанјаху рече дека нападот нема да го одврати од продолжување на војната и дека секој што ќе им наштети на Израелците ќе плати „висока цена“.
„Ќе продолжиме да ги елиминираме вашите терористи, ќе ги вратиме нашите заложници од Газа, ќе ги вратиме нашите жители на север“, предупреди Нетанјаху.
Утринава портпаролот на Нетанјаху изјави дека премиерот на Израел не бил во куќата кога се случил нападот и дека нема повредени.
Текстот Хагари: Израел ќе ја интензивира борбата против Хезболах поради нападот врз куќата на Нетанјаху е превземен од МАКФАКС.