Фуксе Берлин неодамна објави дека го продолжил договорот до 2029 година со Матијас Гидсел (26), најдобриот ракометар во светот.

„Верувам во овој проект со Фуксе и можеби, охрабрен од мојот потег и продолжување на договорот, некои нови играчи ќе дојдат кај нас“, изјави тогаш Гидсел.

Во Фуксе Берлин очигледно решиле сериозно да се фатат за работа, бидејќи во германските медиуми се појавија гласини дека клубот преговара со неколку ѕвезди.

Најистакнат меѓу нив е соиграчот на Гидсел во данската репрезентација, Симон Питлик (24), но се споменува и Марко Гргиќ (21) од Ајзенах, германски репрезентативец и син на поранешниот хрватски ракометар Данијел Гргиќ и втор стрелец во Бундеслигата сезонава

„На овој тим му требаат уште едно или две парчиња од сложувалката. Основата на тимот е поставена. Во принцип, тоа е тим кој може да биде успешен на долг рок, но сигурно ќе се додадат еден или двајца играчи во наредните години за да можат постојано да се борат за титулата во Лигата на шампионите бидејќи тимот сега нема капацитет да го прави тоа“, рече спортскиот директор на Фуксе, Стефан Кречмар и додаде:

„Питлик? Тој е одличен играч, но колку што знам тој има договор со Фленсбург до 2027 година. Интересен е, но има уште неколку. Се обидуваме да добиеме такви интересни играчи. Ние сме во преговори со нив. Но, и другите го прават тоа.”

Текстот Фуксе Берлин ќе гради „дрим тим“ околу Гидсел е превземен од МАКФАКС.