Хрватскиот фудбалер Петар Сучиќ наскоро би можел да стане нов член на Интер.
Според Фабрицио Романо, Сучиќ ги договорил личните услови со Интер, останува само клубовите да се договорат за висината на обештетувањето.
Се очекува зделката да биде комплетирана во овој преоден рок, но Сучиќ да остане во Загреб до крајот на сезоната како позајмен играч.
Сучиќ е роден во Ливно, Босна и Херцеговина, но по настапот за младинската репрезентација на БиХ, реши да ја претставува Хрватска, за чија А репрезентација дебитираше на Европското првенство во 2024 година.
Тој е во Динамо од 2022 година, дојде преку младинската академија на Зрињски Мостар.
Текстот Фудбалер на Динамо пред трансфер во Интер е превземен од МАКФАКС.