Вчера, 09.07.2024 во ОН се одржа тркалезна маса на Глобалниот Форум на заедниците дискриминирани на работа и поради потеклото на која копретседаваше амбасадорот на Северна Македонија во Организацијата на обединетите нации во Њујорк, Љубомир Фрчкоски.
Овие малцинства се признаени како најзагрозени, на најдолната скала на заштита на правата и под закана од модерно ропство.
Амбасадорот Фрчкоски беше копретседавач на настанот и учествуваше со текст за моделите на можна заштита на правата кај овие малцинства и искуствата со инклузијата на Ромите во Западен Балкан и Македонија (за што мораше да го прекине на ден боледувањето бидејки настанот беше планиран и организиран претходно)
Фото: Постојана Мисија на Република Северна Македонија при ООН во Њујорк