Од елегантни до едноставни варијации, пунџата секогаш може да се носи и секогаш изгледа елегантно и лежерно, а е особено пожелна во потоплите денови што претстојат.
Парискиот шик веќе со месеци е на тронот на модната инспирација кога станува збор за избор на естетика, особено во претстојните потопли месеци, кога целта е да изгледате што е можно подобро со што е можно помалку труд. Летните фустани и едноставните комбинезони во комбинација со рамни сандали и голема чанта стануваат речиси униформа, а сето тоа е придружено со подеднакво едноставна шминка и опуштена фризура.
Пуштената коса со лесни, по можност морски бранови е исклучително привлечна, но кога е подолга од боб или лоб, станува досадна. Се заглавува под ременчињата на торбата, побрзо се мрси и најлошо од сè – дополнително топли. Затоа често се носи подигната во потоплите денови, а најдобрата шик опција е пунџа.
Парижанките ја обожаваат оваа фризура бидејќи е едноставна за креирање, а сепак исклучително ефикасна. За разлика од другите подигнати фризури, пунџата остава впечаток на лежерност и „негрижа“ за сопствениот изглед, поради што совршено се вклопува во оваа естетика, која првенствено ја нагласува природната убавина.
Постојат неколку варијации кои ќе бидат особено популарни ова лето – елегантната пунџа која не е целосно стегната и стегната пунџа.
Кога косата е крената, ушите и вратот автоматски се во преден план, што отвора простор за носење големи парчиња накит. Масивните обетки се прв избор, бидејќи ја прават секоја комбинација поелегантна.
Кога носите пунџа, особено интересна комбинација е со шишки, класични или „завесни“ шишки, кои дополнително го врамуваат лицето. Потоа, дури и со наједноставно подигнатата коса, целата фризура изгледа посериозно.
Текстот Фризура на сезоната: ќе се носи насекаде оваа пролет, совршена е за секоја пригода е превземен од МАКФАКС.