Франческо Бањаја беше најбрз во квалификациите за Големата награда Франција во Ле Ман. Втор, во кавлификациите заврши Марк Маркез, во неговата втора трка сезонава. Третото место го зазеде Лука Марини од БР46, тимот на Валентино Роси.
Џек Милер, кој беше најбрз на тренингот во петокот трката ќе ја започне од четвртата позиција. По нив следуваат Хорхе Мартин, Маверик Вињалес, Марко Безеки, Алес Маркез, Жоан Зарко и Бред Биндер.
Бањаја, возачот на Дукати и актуелен шампион, беше најбрз со време од 1:30.705, тој круг го извозе во самиот финиш, токму кога се чинеше дека Марк Маркез на Хондља ќе биде најбрз со време од 1:30.776.
Главната трка е в недела од 15.10 часот. Тоа ќе биде 1000. трка во историјата на Мото ГП.