Виктор Вембањама, тинејџерската кошаркарска сензација од Франција дефинитивно ќе биде член на Сан Антонио Спарс. Ова е исходот од годинешната НБА лотарија која ја добија Спарс и со тоа се стекнаа со правото на првиот пик на драфтот за 2023 година, кој ќе се одржи на 22 јуни во ЊујоркВембањама ќе биде нов модерен центар, феномен висок 220 сантиметри, но подеднакво непробоен под кошот и подвижен и креативен во нападот.
Поради неверојатниот Вембањама, годинашниот драфт е најочекуваниот од оној во 2003 година, кога Кливленд го избра првиот исто така средношколец, Леброн Џејмс, кој стана легенда на НБА лигата.
Со оглед на неговата возраст и неверојатниот талент и разновидност, Вембањама е проектиран како генерациска суперѕвезда. Играч за кој се предвидува дека ќе одбележи ера и секако ќе го врати Сан Антонио од дното на врвот на НБА./Makfax/