Француската министерка за култура Рашида Дати денес изјави дека немало внатрешен дефект кога станува збор за функционирањето на безбедносните уреди на денот кога се случил грабежот во Лувр, но истакна дека „тој спектакуларен грабеж е пораз за сите“.

Таа вети дека ќе ги „преземе сите потребни мерки“ по грабежот на Лувр кога станува збор за недостатоци и одговорност, и најави дека ќе се формира фонд посветен на безбедноста на музејот.

„Сè уште учиме за нашите неуспеси и кризни ситуации. Очигледно е дека проектот „Оживување на Лувр“ ќе биде забрзан бидејќи има потреба од безбедност и сигурност“, рече Дати, пренесува BFM TV.

Овој проект има за цел да воспостави дополнителен влез во музејот, а трошоците би изнесувале околу 500 милиони евра.

Комитетот за култура во францускиот Сенат денес ја сослуша министерката Дати во врска со предлогот за буџетот за 2026 година, но дел од прашањето се однесуваше и на безбедноста на музејот по грабежот на музејот Лувр.

Утрово, пред Лувр, претседателот на Комисијата за култура при Сенатот, Лоран Лафон, оцени дека безбедноста на таа институција „не е во согласност со нивото на безбедност што може да се очекува кога станува збор за музеј“, пренесува BFM TV.

Лафон рече дека грабежот во парискиот музеј „ја извади на виделина застареноста на некои од нашите најсимболични споменици“.

Откако делегацијата на Комисијата го посети местото на грабежот утрово, сенаторите забележаа дека безна почетокот на 20 век, нагласи Лафон, заклучувајќи дека многу работи треба да се подобрат.

„Денес е потребно да се извршат потребните работи, без разлика дали станува збор за мрежата или видео опремата за безбедност“.

За време на грабежот во Лувр пред девет дена, четворица крадци украдоа вреден накит, чија вредност се проценува на 88 милиони евра.

Во текот на викендот, полицијата уапси двајца осомничени за грабеж.

Фото: принтскрин

Текстот Француската министерка за култура: Грабежот во Лувр е пораз за сите е превземен од МАКФАКС.