Франција ќе ја зголеми безбедноста околу црквите во текот на божиќните празници поради можни напади, пренесува ДПА. Полицијата и жандармеријата ќе бидат видливо распоредени пред црквите за да ги заштитат верниците за време на божиќните прослави вечерва и утре претпладне, напиша францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на социјалната мрежа X.
Дарманин претходно ги повика префектите да бидат многу внимателни за време на празничниот период. Од смртоносниот исламистички напад врз учител во октомври, Франција е на највисоко ниво на опасност од тероризам.
Уште во петокот во антитерористичка операција на истокот од земјата беа приведени пет лица.
Во Германија вчера беа зголемени безбедносните мерки во катедралата во Келн поради индиции за можен план за напад од страна на исламистичка група.
Г. Т.