Двете недели на интензивна предизборна кампања во периодот помеѓу двата круга на претседателските избори, кои се всушност реприза на изборите од пред пет години, беше обележан со „сè освен Ле Пен“ со предност пред „сè освен Макрон“ и со улогата на третиот човек на изборите Жан-Лук Меланшон. Без разлика на исходот од изборите в недела, тие ќе означат нова фаза во рекомпонирањето на францускиот политички пејзаж, јави дописникот на МИА.
Advertisements
Од полноќ Франција е во предизборен молк, во очекување на вториот круг на претседателските избори кои поминаа во поинтензивна кампањата во споредба со првиот круг. Утре 47,8 милиони Французи се повикани на гласање за да одлучат меѓу Емануел Макрон и Марин Ле Пен. Како пред пет години, но во контекст кога електоратот на Жан-Лук Меланшон, трет човек на гласањето во првиот круг со 22 отсто од гласовите, се чини дека е одлучувачки за конечната победа. Додека претседателот во заминување води во трката во анкетите со 55 до 57% од намерите за гласање според последните испитувања објавени во петокот и додека дебатата меѓу финалистите што се одржа во средата не и дозволи на кандидатката на Р.Н. (крајната десница) да предизвика пресврт, апстиненцијата повторно ќе биде еден од главните фактори на утрешните избори. Во 2017 година, кога победата на Ле Пен едноставно не беше веродостојна хипотеза, одѕивот падна помеѓу првиот и вториот круг (од 77,8% на 74,6%). Што ќе се случи пет години подоцна кога изборите изгледаат, сè освен изненадување, односно повторно ветена победа на Макрон.