Ракометарките на Норвешка го исфрлија бранителот на тронот на Светското првенство Холандија со триумф од 37-34 (17-17).
Европскиот го победи светскиот првак во натпревар кој делуваше како финале пред финалето на овој Мундијал во Шпанија.
Норвежанките издржаа во завршницата и со триумф ѝ направија услуга на Шведаска која на сметка на Холандија патува во четвртфиналето.
Со овој триумф Норвешка како првопласирана ќе патува во четвртфиналето со девет бода, додека Шведска е втора, а Холандија трета. За потсетување, Холандија на овој дуел мораше да победи или да одигра реми за да опстане во натпреварувањето.
Во истиот термин се одигра и дербито за првото место во групата во Грањолерс, а таму Фрација со 33-28 ја совлада Русија. „
Триколорките“ по почетниот шок одиграа неверојатен натпревар и во целост го декласираа ривалот, кој на крајот и пристојно загуби.
Фопа и Пинеу ги предводеа стрелците со по пет погодоци, додека кај Русија најпрецизна беше Сабирова со четири.