Франција денеска гласа, а актуелниот претседател Емануел Макрон и десничарката Марин Ле Пен се во трка за претседателската функција. Во земјата се одржува вториот круг од претседателските избори, а гласачите ќе одлучат кој ќе ја води земјата во следните пет години.

Advertisements

Во првиот круг актуелниот претседател освои 27,8 отсто, а неговата противкандидатка 23,1 отсто од гласовите.

Гласачките места ќе бидат отворени од 08 до 20 часот. Право на глас имаат скоро 49 милиони избирачи, а се смета дека излезноста ќе биде околу 72 отсто.

Според последните објавени анкети, се очекува Макрон да победи со 57 отсто гласови во однос на Ле Пен, која би можела да добие околу десетина процентни поени помалку.

Ова е трет обид на Ле Пен за влез во Елисејската палата, а нејзин пораз ќе значи и смена на раководството на нејзината партија Национален фронт.

Прикажи повеќе