Франција најави дека ќе бара поддршка од другите ЕУ држави за воведување минимална цена на летови со цел да се намалат јаглеродните емисии од авио-индустријата.
Ова го најави францускиот министер за транспорт, Клемен Бун, кој смета дека во ЕУ треба да се отвори дискусија за „фер социјална и еколошка цена на авионскиот билет“.
Претходно годинава Бун најпрво предложи да се укинат супер-евтините летови.
„Авионски билети за 10 евра повеќе не се возможни“, рече тој додавајќи дека оваа сума не ја рефлектира цената која ја плаќа Планетата.
Експертите велат дека ваквата идеја е добра, но треба да се отвори и прашањето со луѓето кои често користат авиосообраќај, пренесува Еуроњуз.