Вчера во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 25-годишниот Б.А. од Скопје. Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари.
Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признал делата.
Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор од 30 дена.
Текстот (Фото) 30-дневен притвор за скопјанецот кој со пиштол крадеше во филијали за брзи кредити е превземен од МАКФАКС.























