По двегодишна пауза, доделувањето на Американските музички награди се одржа синоќа во Лас Вегас. Иако Били Ајлиш (23) триумфираше во сите седум категории за кои беше номинирана, ниту таа, ниту бројни други ѕвезди – вклучувајќи ги Тејлор Свифт, Сабрина Карпентер и Аријана Гранде – не се појавија на доделувањето на наградите.

Церемонијата ја водеше Џенифер Лопез, а на сцената настапија и Сер Род Стјуарт, Рене Рап, Гвен Стефани и Џенет Џексон. Сепак, публиката не беше импресионирана – многумина на социјалните мрежи го нарекоа настанот „најлошата церемонија на доделување награди досега“, најмногу поради отсуството на главните категории од емитувањето и недостатокот на познати лица во публиката.

Но, и покрај сè, некои успеаја да привлечат внимание – барем со своите модни избори.

Текстот (Фото) 10 најинтересни модни креации од доделувањето на наградите AMA е превземен од МАКФАКС.