Сопругата на американскиот претседател Џил Бајден посвоила двегодишна мачка која ќе биде прва во Белата куќа каде традиционално домашните миленици се кучиња.
-Ни дојде Вилоу, напиша првата дама на САД на Твитер и додава дека мачката го добила името по својот роден град Вилоу Гров.
Вилоу, сиво-бела женка со тигрести шари има зелени очи, а на фотографиите е сликата како шета по ходниците на новиот дом.
Прес службата на првата дама на САД соопштила дека мачката го освоила срцето на Џил откако постојано скокала на бината додека таа држела говор.
Мачката е пренесена во Белата куќа заедно со нејзините омилени играчки, а обезбеден и е голем простор за истражување.