Ќерката на славниот Мајкл Џексон, 27-годишната Парис Џексон, блесна на amfAR Гала вечерта во рамките на овогодинешниот Кански филмски фестивал, оставајќи многумина без зборови со својот изглед и стил.

Таа пристигна на престижната добротворна вечер во фустан кој ги истакнуваше нејзините витки нозе благодарение на смелите процепи на креацијата.

Креацијата е комбинација од материјали и различни дезени, и се чини како всушност да е направена од два дела. Првиот дел е бело боди, додека горниот дел е беж, целосно транспарентен во долниот дел и со светкав корсет, а највпечатлив дел е кројот на рамената што создава впечаток на крилја и дава драматичен ефект на целата креација.

Фустанот е проѕирен низ целата должина и овој аутфит потсетува на актуелниот тренд „без панталони“, па затоа повторно успеа да го привлече вниманието на сите.

Атрактивната Парис имаше лежерна фризура и суптилна шминка во природни тонови што го истакнуваа нејзиното убаво лице, а со оригиналната креација носеше беж сандали со високи потпетици.

Текстот (Фото) Ќерката на Мајкл Џексон блеска со својата облека и убавина е превземен од МАКФАКС.