Актерката Пенелопе Круз неодамна присуствуваше на гала во Лос Анџелес. За вечерниот настан, таа одлучи да облече навидум едноставна креација која зрачи со чиста елеганција.

Шпанската убавица избра фустан во валкано-бела боја кој ги прегрна сите нејзини облини и беше украсен со интересни детали.

Покрај тоа, деколтето кое ги истакнуваше нејзините гради беше многу забележливо, а не треба да ја заборавиме и блескавата насмевка што ја покажуваше цело време за време на фотосесијата.

За да го комплетира стајлингот, таа се одлучи за малку свиткани прамени коса, како и шминка во „природни“ тонови кои совршено ги истакнуваа нејзините црти на лицето.

фото: принтскрин

Текстот (Фото) Што и да облече, едно е сигурно – шпанската убавица секогаш ќе изгледа како вистинска дама е превземен од МАКФАКС.