Актерката Џенифер Лоренс неодамна присуствуваше на премиерата на филмот „Die My Love“ кој беше прикажан во рамките на Лондонскиот филмски фестивал.
Позната по своите гламурозни појавувања, холивудската слатка девојка одлучи да направи драстична промена во својот имиџ и ја разгоре имагинацијата на многумина.
Наместо едноставен фустан, таа одлучи да облече црн фустан кој ја следи линијата на нејзиното тело и ги открива грбот и градите. На модната комбинација додаде златна огрлица која совршено се вклопуваше со длабокото деколте.
Покрај промената на својот стајлинг, Џенифер се одлучи и за драстична промена во својот имиџ. Ги скрати шишките, а судејќи според фотографиите од настанот, можеме да заклучиме дека ова беше вистинскиот потег.
Таа повеќе не е холивудска слатка девојка, туку заводничка која привлекува внимание каде и да се појави!
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Холивудска убавица прави драстична промена на имиџот – сега е вистинска заводничка е превземен од МАКФАКС.























