Уште од почетокот на опсесијата со модните трендови од 90-тите и во 2000-тите, сатенските фустани се омилен избор за сите свечени пригоди.
Популарноста на овие едноставни и женствени фустани не опаѓа со години, а нивните кроеви и најпосакуваните бои се приспособени на актуелните сезонски трендови.
Па, така, наместо класичните слип-модели со тенки прерамки и прав опуштен крој, оваа сезона гледаме разни верзии од овој стил погодни и за вечерни и за дневни пригоди.
Кокетната естетика зеде замав минатата сезона, а сатенските фустани совршено се вклопуваат во овој хиперженствен изглед. Едноставните кроеви почнаа да се украсуваат со романтични детали, како што се шевови и апликации од тантела, најчесто машни и цвеќиња.
Од друга страна, со доаѓањето на потоплото време фустаните со имагинативни шари стануваат сè позастапени – од тропски мотиви до животински принтови, кои често ги гледаме во малку полежерни комбинации.
Што се однесува до класичните минималистички кроеви, многу популарни се тесните fitted-верзии на слип-фустанот, како и моделите со малку подебели прерамки и ретро шарм.
Текстот (Фото) Фустани што никогаш не излегуваат од мода, како ќе ги носиме ова лето е превземен од МАКФАКС.