Вчера во 22 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода 29-годишната Џ.З. од гостиварско Дебреше.

При претрес во домот и помошни простории во село Дебреше, каде што живее со нејзиниот сопруг, 29-годишниот Д.Н. од Дебреше, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, саксија со засадено стебло од канабис, кутија со семки од растението канабис, две дигитални ваги, една пушка, 144 парчиња муниција и пари.

Таа е задржана во полициска станица и се преземаат мерки за пронаоѓање на Д.Н., кој не бил присутен на претресот. По целосно расчистување и документирање на случајот и ќе следува соодветен поднесок.

Текстот (Фото) Уапсена жена во Гостиварско, при претрес пронајдени дрога, пушка, муниција… е превземен од МАКФАКС.