Моделот Роузи Хантингтон-Вајтли е голем обожавател на модната сцена, а за еден дождлив, есенски ден во Париз, таа го одбра совршениот аутфит кој одговара на актуелните модни трендови и сигурно е еден од најубавите што ќе ги видиме оваа есен.
Штом температурата ќе падне, слоевитото облекување е пожелно, па затоа изборот на чевли и јакни, или палта, станува најважно нешто. Модната лекција ни ја одржа прекрасната Роузи, која остави силен впечаток во впечатлив аутфит кој можете сами да го копирате.
Ефективните, длабоки кожни чизми се „must have“ парче оваа сезона, како што ни докажа, а со нив носеше и палто со висока јака (детаљ кој е и еден од водечките трендови). Чизмите се во бордо боја, што ги прави да остават уште посилен впечаток, а оваа комбинација е истовремено модерна и безвременски елегантна.
Не е потребен многу труд за ваков стил, само внимателно одбрани парчиња и, овој пат, минималистичка палета на бои.
Со две вакви парчиња – палто и чизми – не е важно што носите под нив, бидејќи ова е добитна комбинација во секоја смисла, а воедно и една од најелегантните комбинации во сезоната.
Нека формулата на Роузи Хантингтон-Вајтли биде совршена инспирација за есенско-зимска елеганција и поттик да инвестирате во овие две парчиња кои апсолутно ќе го освежат вашиот гардеробер во постудените месеци.
И таа сигурно знае како да носи што и да облече…
Текстот (Фото) Таа ја носи најубавата комбинација оваа сезона: совршена инспирација за постудените денови е превземен од МАКФАКС.