Прекрасната актерка Оливија Вајлд ги воодушеви сите, но не ги изненади со своите модни избори на Неделата на модата во Париз. Од атрактивната русокоса секогаш се очекува нешто провокативно.

За оваа пригода, таа избра чипкаст сет составен од долго здолниште и кратка блуза со ракави која е целосно проѕирна. Само на пределот на градите се извезени цвеќиња, а се чини дека под него не носеше градник.

На своето апстрактно издание додаде спектакуларна огрлица и црна чанта.

Ова не е прв пат Оливија да привлече внимание со својот изглед, нејзината „гола ноќница“ од Оскарите исто така беше забележана, но овој пат беше повоздржана.

И сега таа остана верна на својот стил кој вели – „само проѕирно“ и повторно беше главна тема.

Покрај модните изданија, Оливија го привлекува вниманието кон себе и кон својот љубовен живот. Откако раскина со Хари Стајлс, кој беше десет години помлад, таа се впушти во романса со поранешниот кошаркар и актер Дејн Дилиегрo.

фото: принтскрин

Текстот (Фото) Таа е повторно „гола“: сите зборуваат за жешкото издание на сексапилната актерка е превземен од МАКФАКС.