Латино дивата Џенифер Лопез на секој чекор докажува дека е непобедлива кога е во прашање изгледот. Нејзините провокативни комбинации често беа тема на дискусија, особено по разводот од Бен Афлек, а сега пејачката го покажа и својот спортски изглед.
Добро е познато колку е дисциплинирана Џеј Ло кога станува збор за здрави навики, па затоа не е тајна дека редовно тренира и се грижи за својот изглед.
Нејзината последна објава е посветена токму на тоа. Таа позираше пред огледалото во тесни хеланки и маичка без ракави, покажувајќи ги своите извајани стомачни мускули.
„Ја гледам и не можам да поверувам“, „Колку долго оваа жена мисли да изгледа вака“, „Најжешка е“, „Не можам да поверувам дека има 55 години“, „Оваа жена не старее“, беа некои од коментарите.
Џеј Ло тренира пет пати неделно, а нејзините тренинзи вклучуваат танцувачки движења, лесни тегови и вежби за задникот, бутовите и, секако, стомачните мускули, изјави таа еднаш за „Пипл“.
Текстот (Фото) Сè „станува пожешко“ кога го покажува своето згодно тело, Џеј Ло продолжува да воодушевува е превземен од МАКФАКС.