Ева Лонгорија после долго време објави серија секси фотографии и на најдобар можен начин ги изненади сите свои фанови.
Познатата актерка Ева Лонгорија важи за една од најжешките жени во Холивуд, а прекарот џебна Венера одлично и прилега.
Ева е позната по своите облини, но и вродената елеганција, а секоја нејзина објава на социјалните мрежи привлекува големо внимание.
Сега таа позираше во црн едноделен костим за капење и ги покажа своите извајани нозе.
„Подготвена за викенд“, напиша таа во натписот на објавата, додека луѓето во коментарите претпоставуваа дека оди на плажа во Мајами.
Во коментарите, фановите и порачаа дека изгледа божествено, како вистинска кралица, а на нејзиниот изглед не остана имуна ниту Парис Хилтон, која исто така им се придружи со комплименти.
Текстот (Фото) Се соблече и ги покажа најубавите нозе на светот е превземен од МАКФАКС.