Голем проблем се појави на натпреварот меѓу Јордан и Иран во квалификациите за Азискиот куп 2022-ра година за жени. Имено, голмaнката на Иран е обвинета дека е маж.
Репрезентацијата на Иран се пласирала на Азискиот куп во 2022-ра година, откако по изведувањето на пеналите славела над Јордан, а хероина на овој натпревар била Зохрех Коуадае, која се сретнала со обвиненија дека е маж. Поточно, Јорданците тврдат дека таа е всушност маж, велат светските медиуми.
Поради овие обвинувања се огласи и голманката.
-Мојот единствен грев е што не сум убава, кажала Зохрех.
Сепак, ова не е прв пат Зохрех да се сретне со вакви обвиненија, а претходно веќе коментирала слични наводи.