Кејт Мидлтон се врати на кралските должности и веднаш ги изненади сите со драстична промена на својот имиџ.

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, ја покажа својата летна трансформација за време на посетата на Природонаучниот музеј во Лондон.

Придружувана беше од принцот Вилијам, а ова беше и нивното прво појавување по летниот одмор.

Иако сме навикнати Кејт секогаш да привлекува внимание со својот изглед и внимателно одбрани комбинации, овој пат токму нејзината коса направи сè за неа.

Принцезата драстично го промени својот имиџ и се појави со златни прамени и многу посветла нијанса на коса.

Ако им се верува на најлојалните обожаватели на кралското семејство, ова е нејзината најсветла коса досега, но и најдолга. Сепак, не им се допадна на сите.

„Никогаш немала толку грда коса“, „Изгледа оштетена“, „Ова дефинитивно е перика“, „Кејт, навистина лоши екстензии“, беа некои од коментарите.

Сепак, тешко е да се поверува дека принцеза би се одлучила за толку лоша перика.

фото: принтскрин

Текстот (Фото) Се нижат критики за новиот имиџ на Кејт Мидлтон: „Изгледа оштетено, многу лошо“ е превземен од МАКФАКС.