По одлуката да го остави својот рекет во 2022 година, тенисерката Серена Вилијамс сврте нова страница.

Таа поголемиот дел од своето време го посвети на семејството и на ќерките, кои ги доби во бракот со Алексис Оханијан, но и на промената на сопствениот имиџ.

Покрај нејзината неверојатна сила, тениската кариера на Серена Вилијамс беше обележана и од нејзиниот физички изглед.

Таа отсекогаш имала изразени и дефинирани мускули, што ја правело да изгледа многу поголема отколку што всушност била.

Но, сега приказната е сосема поинаква.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)

Таа неодамна објави импресивни фотографии на „Инстаграм“ од сала за вежбање, а ние – без филтри и апликации за убавина – имавме можност да ја видиме вистинската состојба на поранешната шампионка.

Како што можете да видите, Серена ја доведе својата фигура до совршенство, но нејзините стомачни мускули се сè уште во преден план.

Навистина, таа навистина ужива во своето пензионирање!

Текстот (Фото) Серена Вилијамс ја доведе својата фигура до совршенство: „Ова веќе не е истата личност“ е превземен од МАКФАКС.