Холивудската актерка Дакота Џонсон се појави на Филмскиот фестивал во Цирих и воодушеви со уште еден проѕирен фустан.
Секое појавување на оваа убавица привлекува внимание, а се чини дека наскоро ќе стане синоним за чипкани, проѕирни комбинации, со оглед на тоа што успеа да ги воодушеви сите со уште еден.
Таа прошета во Цирих во син фустан чиј горен дел е направен од чипка и е проѕирен, додека долниот дел е малку поширок, направен од тил и доста волуменозен.
Како и обично, фокусот беше на природната убавина, па Дакота ниту овој пат не претеруваше со вечерната шминка, а косата ја остави да паѓа во бранови.
На својот стајлинг додаде обетки и два импресивни прстени, а сите собрани ги разоружа со насмевка.
Во текот на вечерта, таа беше наградена и со наградата „Златно око“ за животно дело, па нејзината кариера е побогата за ова значајно признание.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Сексапилната актерка повторно воодушеви во проѕирен фустан е превземен од МАКФАКС.