Италијанската актерка Моника Белучи и холивудскиот режисер Тим Бартон се разделија по две години врска, а изненадувачката вест ја потврдија за јавноста во заедничко соопштение.
„Со големо почитување и длабока загриженост еден за друг, Моника Белучи и Тим Бартон одлучија да се разделат“, гласеше кратко во нивното соопштение, според Дејли Меил.
Тие се запознаа пред 19 години на Канскиот филмски фестивал, но почнаа да се забавуваат дури во 2022 година, откако се сретнаа на меѓународниот филмски фестивал Лумиер во Лион, каде што Моника беше почесен гостин.
Една година подоцна, познатата актерка јавно проговори за својата нова врска за прв пат во интервју за француското списание „Ел“. „Драго ми е што го запознав. Тоа беше една од оние средби што ретко се случуваат. Го сакам Тим и навистина го почитувам“, рече таа тогаш.
Оттогаш, тие редовно се појавуваа заедно на бројни настани и секој пат изгледаа како двајца заљубени тинејџери чии погледи зборуваат погласно од зборовите. Затоа никој не очекуваше таков пресврт на настаните.
Нивното заедничко појавување беше во ноември минатата година на 21-от Меѓународен филмски фестивал во Маракеш, Мароко, кога Моника ја воодушеви јавноста и модните критичари со својот ефектен стајлинг.
Двајцата, сега веќе поранешни емотивни партнери, имаат по две деца, при што Моника беше мажена двапати, додека Тим беше оженет еднаш.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Раскинувањето што не го очекувавме: беа како заљубени тинејџери е превземен од МАКФАКС.