Денеска околу 12:30 часот во село Ајватовци, скопско, полициски службеници Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(47) од село Ајватовци поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
Имено, по претходно добиени оперативни сознанија, полициските службеници го затекнаа лицето во близина на полуотворена фолија за одгледување на растенија во која се гледаа насадени повеке стебла од канабис.
„Местото беше обезбедено и подоцна, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес, при што пронајдоа и одземаа повеќе стебла од растението канабис“, извести МВР.
Д.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот (Фото) Претрес во скопско, пронајдени стебла канабис, приведено едно лице е превземен од МАКФАКС.