Вчера во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 49-годишниот С.Н. од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, е пронајдена и одземена марихуана.

По насоки од јавен обвинител, С.Н. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Текстот (Фото) Претрес во Кисела Вода, пронајдена дрога, уапсен скопјанец е превземен од МАКФАКС.