Првото полувреме беше потактичка и поинтелигентна игра, иако Ливерпул имаше неколку добри шанси.
Првите 10 минути беа тивки каде и двете екипи повеќе ја циркулираа топката. Но, тогаш Ливерпул почна неколку пати да се заканува на портата со Мане, Салах, Хендерсон итн.
Реал немаше никаков удар кон голот до крајот на првото полувреме, каде Бензема постигна гол, но беше откажан од ВАР поради офсајд позиција.