Додека Бастијан Швајнштајгер ги полни насловните страници – и странските и домашните таблоиди – поради својата нова љубов, Ана Ивановиќ работи напорно на промоција на бренд.

Поранешната тенисерка се појави во Париз како амбасадорка на познат производител на домашни апарати. За таа пригода, таа избра елегантна комбинација, која совршено ја искомбинираше со златни додатоци.

Косата ја стилизираше на наједноставен можен начин – се одлучи за меки бранови.

Покрај тоа, на нејзиното лице имаше забележлива насмевка која кажуваше само едно – „Ана не сака да плаче и да жали“, а минималната шминка, која често ја избира за големи настани, повторно ги истакна нејзините природни црти на лицето.

Текстот (Фото) По веста дека Бастијан има нова девојка, Ана Ивановиќ покажа што значи достоинство е превземен од МАКФАКС.