Поранешната сопруга на познатиот тенисер Борис Бекер, Лили Бекер (49), позираше за германското издание на списанието „Плејбој“ и нагласи дека за неа овие фотографии се чин на ослободување и љубов кон себе во совршен момент.
„Помислив: Нека оди, изгледам добро“, изјави таа за „Билд“.
Многу луѓе забележаа и дека Лили се фотографирала во периодот кога била објавена затворската автобиографија на нејзиниот поранешен сопруг. Секако, таа била прашана за тоа, на што таа одговорила доста иронично.
„Ако сака, можам да му испратам потпишан примерок од списанието“, изјави таа за „Плејбој“.
На фотографиите, Лили позира на јахта во минијатурно бикини, додека им порачува на сите жени дека имаат своја невидлива круна и дека треба да ја носат со гордост.
Текстот (Фото) Поранешната сопруга на Борис Бекер се соблече за „Плејбој“: „Ќе му испратам потпишан примерок“ е превземен од МАКФАКС.