Откако објави селфи на социјалните мрежи на кое се гледа како се смее пред погребот на папата Франциск во Ватикан, баварскиот премиер Маркус Зодер се соочи со критики.

„Тукушто слетав во Рим: сега сме во конвој со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на пат кон Ватикан за погребот на папата Франциск“, објави Маркус Зодер на „X“ заедно со фотографија на која се смее.

Ова предизвика бројни реакции и критики.

„Несоодветно е да се прават селфиња на погреб. Ова не е Октоберфест. Треба да бидеме среќни што Зедер нема ќебап во рака“, напиша германската политичарка Мари-Агнес Штрак-Цимерман (ФДП).

 

Фотографијата на Зодер беше критикувана и од многу корисници на социјалните мрежи.

Покрај тоа, Зодер објави серија фотографии пред и по погребот на папата, што доведе до тоа многумина да го обвинат дека се однесува како да дошол на забава, а не на погреб.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Markus Söder (@markus.soeder)

„Многу трогателни моменти во Рим непосредно пред почетокот на погребот. Папата Франциск многу ќе ни недостига. Трогателно е да се види колку луѓе се собираат тука на плоштадот ‘Свети Петар’ во Ватикан и низ целиот свет пред телевизорите за да му оддадат последна почит“, напиша тој во еден од своите објави денес.

Текстот (Фото) „Ова не е Октоберфест“ – Германски политичар критикуван од тоа што направи на погребот на папата е превземен од МАКФАКС.