Познатиот актер Арон Тејлор-Џонсон, за кого долго време се шпекулираше дека ќе го игра новиот Џејмс Бонд, се појави на црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал и ги изненади сите.

Младиот актер за оваа пригода носеше црни панталони во комбинација со бело сако, но сите гледаа во неговата фризура и брада.

Кадравата коса, мустаќите и брадата целосно го променија познатиот убавец, па дури и неговите обожаватели коментираа дека едвај го препознале.

Неговото претходно појавување со сопругата Сем на Неделата на модата во Париз, исто така, привлече внимание поради неговиот изглед, но во тоа време тој сè уште беше во процес на растење на косата и брадата.

Арон Тејлор Џонсон често го менува својот изглед за улоги, но еднаш истакна дека брадите го фасцинираат без оглед на трендовите.

Според некои теории, Арон е прогласен и за најубав маж на светот, па затоа му е дозволено да експериментира на кој било начин.

фото: принтскрин

Текстот (Фото) Никој не го препозна најубавиот маж на светот во Венеција е превземен од МАКФАКС.