Во море од евтини трендови и брза мода, една дива знае како да ја препознае вистинската вредност на модните парчиња – затоа секогаш изгледа беспрекорно каде и да се појави…
Тоа е поп-пејачката Џенифер Лопез, која неодамна ја заврши својата голема музичка турнеја „Up All Night“, а чии сценски костими ги исполнија насловните страници на модните списанија.
Сепак, се чини дека латино дивата не мирува и дека е подготвена за нови деловни потфати – а нејзиниот аутфит кажува сè.
Имено, Џенифер неодамна беше фотографирана во Лос Анџелес во комбинација која привлекува внимание. Иако често ја гледаме во провокативни изданија, овој пат одлучи да донесе чиста елеганција.
Jennifer Lopez looks unbothered in busty skirt suit while out in LA after being roasted by former co-star https://t.co/B9hAeV1gCJ
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) August 28, 2025
Таа се одлучи за комплет – миди фустан и струкирана јакна во бела боја, украсени со едноставен крој и без детали.
Стајлингот го комплетираше со брановидна фризура и златни додатоци, а со помош на очила вешто го криеше погледот од љубопитните фотографи. Таа ја носеше и познатата чанта „Биркин“ – врвниот израз на деловна жена, жена која заработува пари.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Никогаш порано не сме ја виделе Џеј Ло ваква, нејзината облека вели: „Подготвена сум да ги земам парите“ е превземен од МАКФАКС.