Хајди Клум повторно е предмет на вниманието на јавноста. Познатиот модел од 90-тите присуствуваше на доделувањето на наградите „InStyle Imagemaker“, а за таа пригода одлучи да облече, навидум, едноставна креација.

Изненадувачки, акцентот овој пат беше помалку на нејзините гради, туку повеќе на длабокиот шлиц што го красеше фустанот. Хајди носеше тесен фустан во црна боја за оваа посебна пригода.

Тој е потпишан од француската модна куќа „Balmain“, а самата креација ги прегрнуваше нејзините раскошни облини.

Не треба да ја заборавиме и златната чантичка што го заокружи стајлингот.

Сепак, најголемото изненадување на вечерта беше придружникот на Хајди, имено, маж кој блескаше во монохроматска облека.

Станува збор за нејзиниот син, Хенри Самуел, кого го доби во бракот со музичарот Сил. Се чини дека ова беше едно од ретките семејни излегувања меѓу мајка и син, бидејќи Хајди, освен нејзината ќерка Лени, генерално не ги покажува другите деца во јавност.

фото: принтскрин

Текстот (Фото) Ниедна прослава не може да помине без прекрасната Германка: овој пат таа изненади со придружникот е превземен од МАКФАКС.