Официјалниот X профил на израелскиот премиер сподели вештачки генерирана фотографија од Бенјамин Нетанјаху како му ја доделува Нобеловата награда за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Give @realDonaldTrump the Nobel Peace Prize – he deserves it!
pic.twitter.com/Hbuc7kmPt1 — Prime Minister of Israel (@IsraeliPM) October 9, 2025
Трамп со години води, како што ја нарекува, „не толку суптилна“ кампања за наградата, уште од неговиот прв мандат на функцијата, кога тврдеше дека „многу луѓе“ веруваат дека тој ја заслужува.
Откако Израел и Хамас се согласија за првата фаза од мировниот план на Трамп, славениците излегоа на улиците на Тел Авив, повикувајќи го и американскиот претседател да ја прими престижната награда.
Фото: принсткрин
Текстот (Фото) Нетанјаху објави слика од вештачка интелигенција на која му ја доделува Нобеловата награда за мир на Трамп е превземен од МАКФАКС.