Актерот Адам Сандлер се појави на црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал со сопругата Џеки и нивните ќерки Сејди и Сани.
Семејството веднаш привлече внимание поради нивните координирани модни изданија, но и затоа што сите тие се сметаат за „обични“ луѓе кои не сакаат премногу да го разоткриваат својот приватен живот. Адам дури е наречен и најскромниот милионер поради неговиот начин на живот.
За оваа пригода, Сандлер избра црно одело, па иако претходно беше модна икона за помладите генерации поради неговиот лежерен стил, сега беше доста елегантен.
Неговата сопруга Џеки избра едноставен бел фустан без прерамки кој нежно паѓа, додека ќерките позираа во слични модели како нивната мајка, само што Сејди имаше црн модел.
Сè на сè, беше јасно дека Сандлерови се потрудија да бидат координирани и дека се издвојуваат од сè друго само поради нивниот гламур и среќа.
Премиерата на филмот „Џеј Кели“ се одржа на Венецискиот филмски фестивал, во кој Сандлер глуми покрај Џорџ Клуни.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Најскромниот милионер секогаш „го краде“ шоуто е превземен од МАКФАКС.